Припадници на српското МВР, Сектор за внатрешна контрола, во соработка со Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, го уапсиле началникот на сообраќајна полиција Н.П.(38) поради постоење основи за сомнение дека сторил пет кривични дела трговија со влијание, додека против седуммина сообраќајни полицајци ќе биде поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба.

Тој се товари дека во периодот од 30 мај до 13 јули годинава со помош на службената положба и влијание посредувал кај седум сообраќајни полицајци за да не ги санкционираат прекршителите кои полицајците ги откриле при сообраќајна контрола.

На осомничениот Н.П му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.