Тригодишното девојче Габриела Крстиќ, единствениот преживеан член на семејството Крстиќ од Мостар, кои загинаа во сообраќајна несреќа кај Мостар, наскоро ќе биде отпуштено од болница. Таа се здобила со тешки повреди поради кои била оперирана, а моментално е во стабилна состојба.

Како што потврди Klix.ba, сите наоди на тригодишното девојче се нормални или подобри отколку што биле, па таа наскоро ќе биде отпуштена од болница на домашно лекување, кое ќе трае многу долго.

– Ќе мора да носи лонгети уште една година. Но, нејзината компјутерска томографија на главата е во ред и сите нејзини наоди се добри или многу подобри отколку што беа. Се планира наскоро да биде пуштена на домашна нега, но точниот датум се уште не е одреден – изјавија за Klix.ba од болницата во Мостар.

Тригодишната Г.К. се здобила со повреди опасни по живот, а лекарите итно ја оперирале во СКБ Мостар, додека нејзиниот татко Борис (35), мајката Маријана (34) и братот Роберто (9) загинале во автомобилот „рено сценик“ на лице место. Несреќата се случила на автопатот М-17 во градот Буна, кај каналите.

Да потсетиме, Борис (34), Маријана (35) и Роберто (9) Крстиќ ги загубија животите во несреќа кај Мостар, додека четвртиот член од семејството, малата Габриела (3) преживеа.

Според неофицијални информации, трагично загинатото семејство Крстиќ од Мостар било жртва на тркање и невнимателно возење на другите два автомобила на патот, БМВ и Мерцедес. Четвртиот загинат во оваа несреќа е возачот на БМВ, Мате Приморац.