На 33-годишна возраст утрово почина Неира Одобашиќ, најуспешната босанска триатлонка.

Оваа сараевка направи голем подвиг и ја претстави Босна и Херцеговина во најдобро светло. Таа успеа да го заврши најекстремниот триатлон во светот, познат како Norseman, кој се одржува во Норвешка.

Таа беше единствената жена од регионот која се натпреваруваше во тој триатлон, а како една од 160-те најдобри натпреварувачки на Norseman доби „црна кошула“.

Во август оваа година, таа зборуваше за N1 за нејзиниот успех, кој поттикна многу девојки да тргнат по нејзините стапки.

Одобашиќ неодамна настапи и во Порече и го освои второто место во нејзина конкуренција. Важеше за одличен програмер и работеше во неколку ИТ компании во Сараево, а неодамна основаше и своја.

На социјалните мрежи од Неира Одобашиќ се простуваат бројни познаници и пријатели, а причината за смртта на овој млад триатлонец се уште не е позната.

Од полицијата за порталот „Кликс.ба“ потврдија дека во ноќта меѓу неделата и понеделникот по повик пронашле безживотно тело и дека првите сомнежи упатуваат на самоубиство.