Во фабриката „Хипол“ во Оџаци. Србија, вечерва околу во 20.33 часот експлодирала цистерна со нереагиран полипропилен и хептан.

Во експлозијата се повредени двајца вработени во „Хипол“. По експлозијата избувнал голем пожар.

Како што јавуваат медиумите, пожарот е локализиран, а се работи на гаснење, на терен има голем број противпожарни единици.

Обезбедувањето на фабриката не им дозволува на новинарите да се приближат до капиите на фабриката.