Хрватската полиција соопшти дека вчера околу 14 часот во градот Дубровчак Лијеви во Сава било пронајдено тело на непозната жена.

Корисниците на социјалните мрежи набрзо почнаа да коментираат и да се сомневаат дека можеби станува збор за телото на исчезнатата Маријана Сеиферт, поранешната победничка на Големиот брат која исчезна ноќта на 27 април од домот во Савица, каде живееше со сопругот и децата.

– Во контакт сме со полицијата, а утре ќе знаеме повеќе. Не можеа да ни кажат повеќе детали, па не знам во каква облека е пронајдена таа жена и дали тоа би можело да е Маријана – изјави вчера за Слободна Далмација таткото на Маријана, Иво Ковачевиќ.

На новинарското прашање дали членовите на семејството дале примерок од крв за можна ДНК анализа, Иво Ковачевиќ рече дека не, но би го направиле тоа. Запрашан дали тој или некој од семејството дал примерок од крв откако Маријана исчезнала за можна ДНК анализа во вакви ситуации, тој рече:

– Немаме, ниту јас, ниту некој од моето семејство, но тоа не е проблем. Ќе дадеме се што е потребно! Јас и жена ми ни претстои уште една непроспиена и неизвесна ноќ. Сакаме само што побрзо да заврши оваа агонија, тешко е да се живее вака – вели таткото на Маријана.