Се појавија првите фотографии од местото на несреќата во која загина српскиот полицаец Божидар Копривица додека беше на должност. Да потсетиме, несреќата се случила околу 16:00 часот на улицата Партизанска во населбата Руменка во Нови Сад.

– Полицаецот Божидар Копривица на мотоцикл под ротација на главната улица бркал возач кој не сакал да застане на знакот „стоп“.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, настраданиот полицаец имал пријава дека автомобилот го управувал возач под дејство на алкохол.

Тој го бркал, кога жената која уравувала автомобил „пежо“ му го пресекла патот и не застанала на знакот за стоп.

Екипата за итна помош можела само да констатира смрт. Божидар Копривица, сообраќаен полицаец, е роден во Бачка Паланка, а работел во Полициската управа во Нови Сад.

📸

📸

📸