Пејачката Нина Бадриќ направи мала пауза во Црна Гора каде во моментов ужива на плажа пред настап, а моментите ги сподели на социјалните мрежи.

Таа се фотографирала во костим за капење, а ја истакна витката линија и воодушеви многумина, бидејќи наполни 50 години.

– Кралица – напиша нејзината пријателка и колешка Јелена Розга, под фотографијата на која позира на карпа. Нина избрала шарен едноделен костим, кој го усогласила со тренди очила за сонце, а во преден план се нејзините затегнати нозе.

„Вистински естрадни нозе“, „Убавица моја“, „Како сирена“, беа само дел од коментарите на сметката на Нина.