Американецот Кевин Филип ја избегна смртта во последната секунда откако се заплетка во сопствениот падобран за време на тренинг за параглајдерство.

– Нема време за умирање! – напиша тој на социјалните мрежи откако објави видео кое шокираше многу негови пријатели.

За време на неговиот последен лет, Филип бил погоден од силен налет на ветер и додека бил во слободен пад, очајнички се обидувал да го активира безбедносниот падобран што му е прикачен на појасот.

Драмата се одвивала речиси до земја, а потоа практично во последната секунда се отворил безбедносниот падобран и за среќа била избегната трагедија.