Припадник на КФОР почина денеска во Брезовица, Косово, откако според неофицијални информации доживеал срцев удар.

Канун Весељи, портпаролот на полицијата за регионот Урошевац, за локалните албански медиуми изјави дека припадник на КФОР бил пронајден како лежи во несвест во ски-центарот во Брезовица.

За случајот е информирано и надлежното обвинителство.

– Ве известуваме дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Штрпац и припадниците на КФОР ја прекинале реанимацијата во 16 часот и 30 минути бидејќи немало знаци на живот. Неговото тело било пренесено со хеликоптер на Кфор. Известен е и обвинителот од Основното обвинителство во Урошевац – рече Весељи.