Сопругот на исчезнатата Ана Волш е уапсен поради попречување на полициската истрага за нејзиното исчезнување, изјави окружниот обвинител на округот Норфолк, Мајкл Морисеј.

Брајан Волш (46) е уапсен поради доведување во заблуда на надлежните при истрагата за нејзиното исчезнување. Брајан Волш се очекува да биде изведен пред Окружниот суд во понеделник.

Во текот на таа истрага, полицијата имаше доволно причини да верува дека сопругот на Ана, Брајан Волш, извршил кривично дело манипулација на полициските истражители – изјави окружниот обвинител Мајкл Морисеј.

Волш последен пат била видена во нејзиниот дом во Кохасет на 1 јануари, нешто по полноќ, а полицијата апелирала до јавноста за помош.

– Добивме неколку пријави од нејзиниот работодавец во Вашингтон, како и нејзиниот сопруг кој живее во Кохасет – изјави началникот на полицијата во Кохасет, Вилијам Квигли.

Членовите на семејството ѝ рекле на полицијата дека Ана требало да вози до аеродромот Логан во недела рано наутро за да лета за Вашингтон, каде што има дом и работи во агенција за недвижности.