Угледниот бизнисмен од Зеница, Салко Џанановиќ денеска се самоуби во својот стан во овој град, во Босна и Херцеговина.
Според дежурниот службеник од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон (ЗДК), самоубиството се случило на улицата сестрите Дитрих, пишува порталот 072инфо, а пренесува сараевско Ослобоѓење. Бизнисменот од Зеница се самоуби со истрел од пиштол во својот стан.
Џанановиќ долго време беше во тешка здравствена состојба поради болест, а беше еден од најуспешните бизнисмени и видни граѓани на Зеница.
Бананите како заштитен симбол
Тој и неговото семејство го отворија трговскиот центар Џанановиќ на 29 февруари 2008 година, како и хотелот Зеница, кој се наоѓа во негова непосредна близина. Тогаш беа отворени 1.500 нови работни места.
Својот бизнис го започнал првенствено со продажба на банани, поради што симбол на неговите малопродажни и големопродажни објекти, како и неговиот трговски центар биле бананите.
Хотел Зеница беше редовна база за гостински тимови кои доаѓаат во Зеница за време на квалификациските натпревари во сите спортови. Изградбата на овие објекти го смени изгледот на Зеница, бидејќи таму со години се наоѓаа урнатините од проектот кој беше започнат и никогаш не беше завршен.
Целиот бизнис го продаде на групацијата „Бинго“.
Во средината на септември 2022 година, Џанановиќ го продаде целиот бизнис на Сенад Џамбиќ и групацијата „Бинго“.
– Продадени се и двете фирми, всушност комплетната дејност, трговија, големопродажба на Брист, хотел, центар. Г-дин Џамбиќ претходно го скенира бизнисот, капацитетите и се што имаме и работиме со неговите соработници. Договорот беше постигнат на обострано задоволство за десет дена. Сите финансиски трансакции се завршени, сè – изјави Џанановиќ по продажбата.
Фирмите на Џанановиќ вработуваат околу 140 работници на повеќе локации, но во зградите во негова сопственост има бизнис во кој работат многукратно повеќе работници и десетици изнајмени простори. Поради здравствени проблеми, Салко последните години се повлече од приватниот бизнис, а бизнисот го презеде неговиот син Ајдин.
Ја изгради џамијата „Сафија“
На почетокот на петтиот месец од 2015 година, беше поставен камен-темелникот на новата џамија во зеничката населба Брист, која ја изградија зеничките претприемачи Јесенко и Салко Џанановиќ.
На поставувањето на камен-темелникот, со кој започна остварувањето на сонот на семејството Џанановиќ, присуствуваа имамите на Меџлисот на Исламската заедница Зеница, жителите на населбата Брист и другите населени места во Зеница. Точно две години подоцна свечено беше отворена Сафија џамијата.
Be the first to write a comment.