44-годишна жена од Прилеп била тешко повредена на улица, откако врз неа паднал метален предмет од скеле на објект во изградба, соопшти МВР.

„На 10.12.2022 во 17.30 часот во Полициска станица Прилеп С.Н.(44) од Прилеп пријавила дека околу 12.00 часот додека се движела по ул. Борка Талески во Прилеп метален предмет од скеле на објект во изградба паднал врз неа, по што била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од лекар и се констатирани тешки телесни повреди“, велат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.