Од Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)во Скопје информираат дека починала професорката д-р Анета Бучковска.

„Со голема тага Ве известаме дека почина нашата почитувана и драга професорка, д-р Aнета Бучковска. Посмртните останки ќе бидат изложени во капела на ден 12.12.2022 (понеделник) во 11:00 часот на Градските гробишта Бутел. Бог да ја прости, сочуство до најблиските а ФЕИТ во следниот период ќе организира комеморативна седница за која ќе бидете дополнително известени“, напишаа од ФЕИТ.

Бучковска е долгогодишна професорка со плодна научна кариера на Факултетот за елетротехника и информациски технологии (порано Електротехнички факултет). На факултетот е од 1988-ма година.

Таа беше дел од Институтот за математика и физика. Поле на научен интерес на Бучковска беа математика и информатички науки. Доктор на науки станува во 2000-та година.

Таа е поранешна сопруга на некогашниот премиер и активен универзитетски професор Владо Бучковски.