Дарко Лилиќ (39), син на поранешниот претседател на СРЈ и функционер на СПС Зоран Лилиќ, е претепан во Нов Белград.

– Како што дознаваме, Лилиќ бил претепан пред зградата Запад 65. Тој е примен во Ургентниот центар со повреда на главата, каде што дојде сам. Да потсетиме, тој досега беше приведуван за возење во пијана состојба, како и за изнуда, објавија утрово белградските медиуми.

Тој беше обвинет за пукање пред кафулето „Мајдан“ во 2003 година. Претходно беше осуден и на шест месеци условна затворска казна за напад на полицајци, но таа казна истече. Истрагата е во тек.