Прелиминарното правно вештачење ја открива причината за смртта на 32-годишниот Леар Курти во Албанија. Официјални извори од судска медицина посочуваат дека младиот човек голтнал кок аин, што ја предизвикало неговата смрт. Се вели дека имал две кеси со кокаин и ги проголтал за да не биде фатен од полицијата која го бркала.
Што се случило?
Агенцијата за полициски надзор соопшти дека околу 23:07 часот (19.10.2022 година), од страна на Генералната патрола на Полициската станица бр. 3, при контрола на територијата, на улицата „Риза Чука“ затекнала млад човек кој бил повикан да застане за да му ги проверат документите за идентификација.
Штом патролата побарала од него да приложи документи за идентификација, Курти побегнал.
Полициските службеници го следеле и успеале да го стигнат на улицата „Дон Боско“, при што го спровелр до полициска станица. Според првичното известување на Агенцијата, Курти покажал здравствени проблеми веднаш штом пристигнал во просториите на Комесаријатот. Веднаш била побарана помош од Итната помош и бидејќи му се влошила здравствената состојба, 32 годишното момче бил испратен во Трауматска болница, каде починал.
Болницата ги отфрла ваквите тврдења
Ваквата верзија дадена од Министерството за внатрешни работи во четвртокот наутро беше отфрлена од болницата за траума. Од болницата соопштија дека 32-годишникот починал порано и немал знаци на живот, а поради тоа воопшто не бил примен на итната медицинска помош, туку бил пренесен во мртовечницата во главниот град бидејќи немал пулс.
Извори од истрагата соопштија дека пријателите на 32-годишникот отишле во полициската станица 3 додека Курти бил задржан таму и ги известиле дека младиот човек има здравствени проблеми.
Во меѓувреме, претседателот на Демократската партија, Сали Бериша, обвинува дека младиот човек го загубил животот поради полициско насилство при неговото придружување кон полициската станица бр.3.
Be the first to write a comment.