Игор Старовиќ, фронтменот на групата ,,Дивљи кестен” починал денес, на 56-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.

Тој беше дел од групата околу една деценија, а според првичните информации, починал по кратко боледување. Освен вокалист, Старовиќ беше и композитор и аранжер.

Иако археолог по професија, тој сними пет албуми со групата и имаше стотици концерти ширум регионот. Минатата година ,,Дивљи кестен” доби награда за придонес во зачувувањето традицијата во поп музиката.

Имал проблеми со белите дробови

Игор имал проблеми со белите дробови, а за тоа се лекува во последните месеци, објавија локалните медиуми.

Поради компликацијата на белодробната болест, Старовиќ пред еден месец бил на лекување на бања каде состојбата почнала да се подобрува, пишува „Телеграф“.

Инаку, како што изјави во последното интервју, во 2022 година, кога се одбележуваат 30 години од основањето на групата „Диви костени“, Игор планирал камбек албум, концерти …

– Во 2022 година не очекуваат многу убави прилики, тогаш навршуваат 30 години од „Дивљи кестен“ и се уште не верувам кога ќе го кажам тоа. Тогаш се собравме, се сеќавам на се како да беше вчера. Во тоа време никој не се занимаваше со музика, сите доаѓавме од други земји. Се собравме и направивме бенд без никакви амбиции. После 9 дена се направени нашите најголеми хитови – изјави Старовиќ.