Ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, Катерина Тихонова наводно има љубовник кој се презива Зеленски, исто како и украинскиот претседател Володимир, пишува Дејли Мејл.

Наводно, ќерката на Путин има двегодишна ќерка со Игор Зеленски, кој е водечки балетан и врвен режисер кој до неодамна беше на чело на Баварскиот државен балет, а работеше како танчер и режисер во Њујорк и Лондон.

Нивната наводна поврзаност ја открија рускиот независен весник IStories и германскиот Der Spiegel.

Рускиот независен медиум вели дека Тихонов поради своето момче морала многу често да лета на линијата Москва-Минхен од 2017 до 2019 година.

Наводно, таа патувала на оваа реалција повеќе од 50 пати за две години.

Катерина живееше во Русија, а Зеленски во Минхен, каде што режираше во Баварскиот државен балет. Меѓутоа, санкциите што и беа наметнати на Тихонова поради инвазијата на Украина нарачана од нејзиниот татко, го оневозможија патувањето од Москва до Минхен.

Претходно, Катерина беше во врска со рускиот милијардер Кирил Шамалов, со кој раскина во 2017 година, пред да започне врска со Зеленски.

Инаку, според „Дејли мејл“, Зеленски е Русин со грузиски корени и се верува дека нема врска со украинскиот претседател.