50-годишниот турски актер Дениз Озџан се ожени 23 години помладata Самар Дагдар. Актерот кој е познат по бурниот љубовен живот повторно заплива во брак.

Пред три години тој се разведе од Фејза Актан, а двојката водела долга битка за старателството над синот Кузеј. Озџан најде нова љубов во Самар, а врската ја започнаа во 2021 година. Неговата избраничка е 27-годишна модна дизајнерка од Иран.

Новата девојка на популарниот актер е 23 години помлада од него. Парот го кажа судбоносното „да“ на крајот на јануари, а веста ја сподели на социјалните мрежи на почетокот на март. Медениот месец го поминуваат во Дубаи.

📸

📸

📸

📸

Дениз е познат турски актер и пејач, а на нашите простори е најпознат по улогата на Фарук во серијата „Истанбулска невеста“. Пред бракот со Самар, Дениз беше во брак со 20 години помладата Фејза, со која се ожени во 2018 година, а се разведе една година подоцна.