Според последните објави на својот профил на Инстаграм, Мелита Ракичевиќ си постави високи цели од својата дневна рутинска агенда.
Имено, пребарувајќи по своите фотографии од архива, таа си најде фото-спомнен на кој покажа како изгледала, односсн во каква форма била кога вежбала секој ден.
-Ова е таа форма во која мора да се вратам. Моето тело кога вежбав секој ден, пишува Мелита и со тоа стави до знаење дека изминатиот период не и бил дојден до вежбање.
Незадоволна од тоа како изгледа сега, или само тежнее до своето замислено совршенство, најдобро знае самата.
Некогашната ТВ водителка не ретко е прозвана дека е чест корисник на алатите за корекција, па оттука се поставува прашањето дали изгледот е дело на справите од теретана или на оние од супериорната технологија.
Вака или така, Мелита во оваа беж долна облека на фотографијата има топ дефинирено тело, а дали заслугата е физичка или технолошка во случајов е сеедно, Мелита изгледа одлично.
Be the first to write a comment.