Ако треба да избереме најсмел, најбезобразен фустан од вчерашното доделување на Оскарите и традиционалната „Vanity Fair“ забава која следи по свечената церемонија, тогаш тоа е сосема сигурно оној во кој се појавила пејачката Сијара.

37-годишната Сијара дефинитивно морала да се наоружа со сета самодоверба и храброст која ја има, бидејќи се појавила во тоалета во која не може да не се гледа бидејќи открива сè – или барем речиси сè.

Атрактивната пејачка го украла шоуто, пристигнувајќи на синиот тепих во исклучително провокативен фустан од популарниот норвешки дизајнер Питер Дундас. Станува збор за целосно проѕирна креација направена од светкава, сребрено-црна мрежа.

Овој фустан го красел и длабоко деколте, но и гол грб, но Сијара не сокрила ништо – нејзиниот заоблен задник јасно се оцртувал, а најинтимната зона ја „чувала“ само минијатурната танга во црна боја.

Сијара го заокружила изданието со свечени, долги ракавици од црн плиш, едноставни сандали со црни ременчиња и дијамантски обетки.

Таа се определила за многу едноставна фризура – исфениран краток боб, со цел да не го одвраќа вниманието од фустанот кој треба да биде во центарот на вниманието.

📸

📸

📸

📸