Драгиша Гудељ, братот на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, падна во несвест на тревата на натпреварот помеѓу Кордоба и Расинг Фенарол, а сега странските медиуми пишуваат дека доживеал срцев удар, но дека 25-годишниот сега е стабилен и под строг лекарски надзор..

Се играше натпревар помеѓу Кордоба и Расинг Фенарола, кога натпреварот беше прекинат во 11. минута. На теренот во Кордоба, српскиот фудбалер Драгиша Гудељ остана без свест да лежи на тревата.

Странските медиуми сега пренесуваат дека српскиот фудбалер останал без свест поради срцев удар, но дека лекарите на теренот веднаш успеале да го оживеат.

Како што понатаму наведуваат, кога Гудељ се освестил сакал да се врати во игра, но тоа не му било дозволено и бил пренесен во најблиската болница на дополнително испитување. По овој немил настан, натпреварот беше прекинат на 1:1, со головите на Фран Манзара и Вили.

Кордоба на социјалните мрежи остави порака за здравствената состојба на Драгиша Гудељ откривајќи дека играчот е под лекарски надзор, но свесен и стабилен.

Исто така, додека на Србинот му била укажана прва помош на трибините, се слушало како се скандира неговото име, но се гледале и многу исплашени и загрижени лица.