Навивачката група Чкембари од Битола изрази почит за од неодамна покојните припадници на ривалската група „Комити“, Дарко Смок и Никола Риба.

– Почивајте во мир Дарко Смок- Никола Риба, беше транспарентот кој го истакнаа битолчани во СЦ Јане Сандански.

Таткото на Смок, Тони Смоковски, од име на семејството, преку коментар им се заблагодари на Чкембарите за транспарентот, и им посака здравје.

– Едно големо благодарам до навивачката група Чкембари за транспарентот. Да сте ми здрави и живи, од родителите на смок, напиша таткото на трагично загинатиот фан на Вардар.