Агим Адеми, претседателот на Фудбалската федерација на Косово е уапсен во Приштина, јавија повеќе косовски медиуми, неколку дена откако на суд се изјасни како невин во обвиненија за даночно затајување и злоупотреба на службената позиција.

Апсењето се случува само четири дена пред квалификацискиот меч за ЕУРО 2024 на Косово против Израел. Пред неколку дена, Адеми беше прогласен за невин во случај од 2012 година, за кој претходно двапати беше прогласен за виновен и доби 9 месеци затворска казна.

Останува да се види како на ова ќе реагираат УЕФА и ФИФА, кои постојано се против мешањето на државните власти во работата на националните федерации.