Холандскиот фудбалер Раи Влоет (27) предизвикал тешка сообраќајна несреќа во која усмртил четиригодишно момче.

Во ноември 2021 година, фудбалерот на руски Урал пијан удрил во задниот дел на возилото во кое се наоѓало четиричлено семејство со брзина од околу 200 километри на час. За жал, четиригодишното момче кое седело на задното седиште, како последица од тешките повреди починало во болница.

Влоет подоцна признал дека пиел на забава: „Бев на забава во Амстердам, уште имаше корона, забавата заврши рано. Требаше да преноќам во Амстердам, но донесовме нова одлука, да одам во Ротердам .Без размислување почнав да возам, ногата ми беше на педалата за гас кога ја наместив контролата на патување и потоа се случи несреќата“.

По несреќата, со преглед е утврдено дека Влоет испил двојно повеќе од законски дозволеното количество алкохол. Не сакал да признае во полиција дека го управувал возилото, пишува холандскиот АД, додавајќи дека неговото сведочење ја вознемирило мајката на несреќното момче, која му викала: „Како побогу да продолжиме? Сѐ ни одзеде!”

Освен затворска казна, државното обвинителство бара и четиригодишна забрана за возење. Влоет во својата кариера настапувал за ПСВ, Камбур, ФК Ајндховен, НАЦ Бреда, Кјасо, Фросиноне, Хераклес и Астана, а од 2022 година е член на руски Урал. Настапувал за помладите селекции на Холандија, а за У-21 на три настапи постигнал два гола.