Републиканската претставничка Џеки Валорски од Индијана загина во сообраќајна несреќа во денеска околу пладне по американско време, потврди нејзиниот кабинет.

– Ве молиме да го зачуваме нејзиното семејство во своите мисли и молитви. Засега нема да имаме дополнителни коментари – соопштија од нејзиниот кабинет.

Шерифот Џеф Сигел рече дека Џеки Валорски (58) била во автомобилот кога во него удрил друг автомобил нешто по 12:30 часот. Сите тројца патници во еден од автомобилите – Валорски, нејзиниот окружен менаџер Зекери Потс (27) и директорката за комуникации Ема Томсон (28) – починале како резултат на повредите.

Според Сигел, на местото на настанот бил прогласен за мртов и единствениот патник во другиот автомобил кој учествувал во несреќата.