Едногодишно дете починало во болница во австралиската држава Квинсленд, откако вчера со автомобил го прегазила неговата баба.
Момчето трчало покрај патеката од семејната куќа во Хитли, Таунсвил, во моментот на несреќата, околу 17.40 часот. Се претпоставува дека момчето ја следело својата баба додека таа излегувала од куќата.
Меѓутоа, бабата не знаела дека момчето е на патеката и случајно го удрила со својата Тојота Прадо додека излегувала од патеката. Очевидци наведуваат дека таа брзо излегла од возилото, го зела момчето и потрчала назад кон куќата, пишува Дејли Мејл.
Неколку моменти подоцна го ставила момчето во автомобилот и го однела во болница, каде подоцна починало.
Наредникот Брет Смит изјавил за весникот Таунсвил билтен дека медицинскиот персонал направил сѐ што е во нивна моќ, но не можеле да го спасат детето.
Be the first to write a comment.