Во Шпанија 50 жени се избодени со игли во ноќни клубови, а во телото на некои се пронајдена екстази.
Mинистеркатa за правда Пилар Лоп ги повика сите кои мислат дека се избодени без согласност да одат во полиција затоа што иглата е „сериозен чин на насилство врз жените“.
– Досега не се потврдени случаи на сексуален напад или грабеж поврзани со мистериозните прободувања, пренесува АП.
Полицијата открила докази за дрога кај една жртва, 13-годишно девојче во градот Хихон, кое ималo екстази во нејзиниот организам.
Локалните медиуми објавија дека девојчето брзо е пренесено во болница од нејзините родители, кои биле во нејзина близина кога почувствувала „убод со нешто остро“.
Полицијата соопшти дека околу половина од неодамна пријавените напади со игли се случиле во североисточната шпанска провинција Каталонија.
Серијата прободувања на музички настани имаше и во Франција, Велика Британија, Белгија и Холандија.
Be the first to write a comment.