До појавата на социјалните мрежи беше тешко да се следи каде се наоѓа некој од „славните“, но тие се сега тука, па полесно е да се открие каде е на пример, Нивес Целзијус (40). А таа е во Северна Македонија, пишува хрватскиот портал 24сата.

„Здраво Скопје“, напиша Нивес покрај фотографијата на која позира во релативно проѕирна маичка. Скопје е главен и најголем град на Северна Македонија, а со околината има околу половина милион жители, наведува хрватскиот портал.

– Сигурно е дека Нивес може да ужива во македонските деликатеси, народот е познат по одличната гастрономија, како и по добрината и великодушноста. Зеленчукот е одличен, месото е вкусно, а вината им се одлични. Нивес навистина може да ужива во тоа, а другите судејќи по коментарите на социјалните мрежи, уживаа гледајќи ја нејзината фотографија…

-Најубавата жена во овој дел на Европа – не престанаа да пристигнуваат комплименти од машките придружници, а не недостигаа комплименти ниту од женска страна.

Но имаше и поинакви коментари како:

– Нека видат Македонците дека и ние лубеници за трка имаме…

Нивес во Скопје уживаше во доброто друштво на Далибор Петко, со кој Нивес често објавува фотографии, Марина Орсаг, Кики Рахимовски и Фран Риџан.