Хрватската пејачка Маја Шупут често е во центарот на вниманието поради својот изглед за кој обожавателите често тврдат дека е сосема поинаков во живо и на социјалните мрежи.

Сега се појави нејзина фотографија од 2006 година, на која се гледа колку пејачката се променила од тогаш.

На споменатата фотографија е Маја на ревија во венчаница, каде прошетала во една од венчаниците и со тијара на главата. Пејачката тогаш имаше 27 години.

Фокусот е на нејзиното лице со насмевка од уво до уво, со што оставаше впечаток на весела девојка, што беше и стилот што тогаш го носеше пејачката. Исто така, нејзината коса, која допираше веднаш под рамениците, беше во малку потемна боја.

Маја денес носи платинесто кратка фризура, која често ја надополнува со екстензии.

Пејачката многу се грижи за својот изглед кој се труди да го одржува беспрекорно, а јасно е дека како што минуваа годините се трудеше да ја одржи младоста.

Сепак, иако изјави дека поддржува естетски корекции, Маја тврди дека направила само една пластична операција.

„Имав операција на градите од нула на двојка кога имав 25 години. Денес тоа е толку нормално, па не е 91-ва година. Зошто не би се чувствувале поубаво кога можете да го направите тоа во кој било салон за убавина за време на паузата за ручек “, објасни таа во една прилика.

Во 2021 година Маја за прв пат ја исполни улогата на мајка, кога го доби синот Блум заедно со сопругот Ненад Татаринов.