Правењето зимница е работа која се чини сепак треба да им се остави само на жените, а доказ за тоа е и ова видео кое деновиве кружи на социјалните мрежи.

Сите знаеме дека есента е период кога сите подготвуваат зимница, посебно популарниот ајвар кој е традиционален македонски производ. Колку труд и мака е потребно за да се направи знае само оној кој правел, а колку мала невнимателност е доволна се’ да се уништи ќе ни покаже ова видео.

Овој маж, со најдобра намера, помагаше во правењето на ајвар, но еден невнимателен потег заврпи катастрофално. Ќумбето попушти, па шерпата со ајвар се истури на земја… трагично, зарем не?!

Останатите корисници велат дека ова што се случи е за плачење, но на некои им е и смешно.

– Ова може да му е смешно само на некој што не знае колку труд е потрбно за да се дојде до готов ајвар, се вели во еден од коментарите.

Во продолжение погледнете го видеото