Полицаец бил избоден на смрт во терористички напад во близина на железничката станица во Брисел, објави „Sky News“.

Белгиското сојузно обвинителство соопштило дека двајца полицајци биле мета на напаѓачот во близина на Брисел Норт. Правосуден службеник за „AP“ изјавил постои сомнеж на терористички напад.

Полицаецот според пишувањето на белгиските медиуми е забоден во врат, а мотивот на напаѓачот не е познат. Напаѓачот е убиен, јавуваат локалните медиуми.

Најавил дека ќе убие полицајци

Тамошните медиуми наведуваат дека убиецот вчера во полициска станица се заканил дека ќе убие полицајци. После тоа бил испрашан, но бил пуштен на слобода.

Бил затворени неколку улици, а нападот го коментирал и градоначалникот на Брисел Филипе Клосе. „Страшна драма во Брисел. Ние сме солидарни со полициските сили. Полицијата не штити, но и таа мора да биде заштитена. Моите мисли се со семејството и неговите колеги“.

Се огласила и министерката за внатрешни работи Анели Ферлинден. „Страшни вести. Моите мисли се со семејството на настраданиот и припадниците на полицијата. Будно ја следам ситуацијата и сум во близок контакт со градоначалникот, началникот на полицијата и безбедносните служби. Ова насилство над нашиот народ е неприфатливо“, напишала Ферлинден вчера на Твитер.