Матеј Периш од Сплит исчезна ноќта пред Нова година, кога само излета од клубот „Готик“ кон реката Сава, по што му се изгуби секаква трага.

Неуморно се трагаше по Матеј повеќе од пет месеци. Никој не знае зошто го направи тоа. Сите веруваа дека е жив, се додека во медиумите не излезе веста дека на Ада Хуја е пронајдено безживотно тело со облека како на младиот човек.

Многумина беа шокирани од фактот што Матеј Периш беше пронајден мртов. Имаше надеж дека е жив, но судбината си го стори своето.

Постојат сомнежи дека младиот човек допливал до Големиот воен остров, каде последен пат му бил „фатен“ сигналот, но не успеал да се избори со водената стихија…

Негов пријател сега ја објави последната преписка на апликацијата WhatsApp со несреќниот Матеј, каде што можете да видите што последен пат му испратил Периш, во декември минатата година.

Му ја испратил песната „Бекрија“, па подолу Матеј напишал „Ова ќе се слуша во Белград“