Српската престолнина се збогува со младото момче од Сплит кое настрада трагично за време на новогодишната ноќ во Белград.

Периш денеска беше испратен на последното патување од Белград, во родната Хрватска, каде треба да биде погребан.

По мисата што се одржа во црквата Свети Антониј во Белград, ковчегот со посмртните останки на момчето тргна кон Сплит, каде ќе биде погребан.

Голем број белграѓани денеска се простија од несреќниот млад човек, а меѓу нив имаше и познати личности од областа на спортот.

На мисата во црквата Свети Антониј присуствуваше и поранешниот фудбалер на Партизан и Јувентус од Торино, како и репрезентативец на Југославија, Зоран Мирковиќ.