НБА кошаркарот на екипата на Кливленд Кавалирс, Џеди Осман, денеска во Охрид го кажа судбоносното ДА, со познатата турска актерка Ебру Шахин.

На скромна забава пловејки со брод низ Охридското Eзеро, се одржа венчавка, со која тие ја крунисаа својата љубов со брак.

На забавата беа присутни педесеттина луѓе, роднини и пријатели, меѓу кои и познати актери од Турција.

Бродот пловеше два часа низ Охридското езеро, а на градското пристаниште дојдоа да ги испратат и отпоздрават и локалните жители на Охрид.

Официјалната свадбена веселба ќе се одржи на 7-ми јули во Чешме, Турција.

📸

📸

📸

📸

📸

📸