Мелиха Имшировиќ, учесничка на регионалното популарно музичко натпреварување „Ѕвезде Гранда“, се чини повторно е вљубена, а овој пат се шпекулира дека нејзиниот избраник би можел да биде млад Босанец, пејачот Садик Хасановиќ кој е и поранешен учесник на ова музичко натпреварување, пишува босански „Аваз“.

Имено, како што се шпекулира, а врз основа на коментарите кои ги разменија на Инстаграм профилот на „Дневни аваз“, би можело да се каже дека се во врска.

Под една објава на Инстаграм профилот на „Дневни аваз“, Садик Хасановиќ искоментира „Во кого си заљубена?“, означувајќи ја Мелиха, на што таа одговори само со емотикони.

Потоа следеше коментар на една девојка која напиша „во тебе“.

За потсетување, таа зборуваше за ТВ Аваз, во во гостувањето во кое неизбежна тема беше аферата која пред неколку месеци ги наполни медиумите, односно поврзувањето на Мелиха со сопругот на нејзината колешка Дада Мешалиќ, која се разведе.

– Таа тема за мене е засекогаш завршена. Среќно сум заљубена – изјавила Мелиха Имшировиќ.

Садик Хасановиќ јавноста стана познат во јавноста откако доби доживотна забрана за влез во Србија поради тоа што пеел националистиччки песни.