Шеесетгодишниот лекар, кој се самозапали пред својот дом во Пефка, Солун, почина денеска попладне. Според информациите, 60-годишникот завршил во болницата „Папаниколу“ каде е префрлен по инцидентот.
Лекарот бил директор на клиника „Папагеоргиу“. Оние кои го познавале зборуваат за него како извонреден професионалец. Погребот на 60-годишникот ќе биде извршен во вторник попладне во Пефка.
Шеесетгодишникот се самозапалил во понеделник наутро, пред својот дом, во месноста Пефка, во Солун. Инцидентот се случил околу 8 часот, кога мажот отишол во задниот дел од својата куќа. Со возило на Итна медицинска помош ЕКАВ бил пренесен во локална болница и оттаму е префрлен во Општата болница во Солун, „Папаниколау“.
Според информациите, 60-годишникот се здобил со изгореници од прв степен на 80% од телото. Не се познати причините кои довеле до неговиот чин.
Be the first to write a comment.