Од Управата на полицијата неофицијално велат дека тогаш било утврдено оти парите му ги дале на лице кое приложило фалсификувана лична карта на име М.О. Наводно, измамничката на 11 април најавила дека ќе ги повлече заштедите во филијалата на банката во Херцег Нови, од каде, со оглед на големата сума, била информирана кога да дојде.

Ден подоцна влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала.

Измамата била откриена кога досиејата биле испратени во седиштето на банката во Подгорица, од каде стапиле во контакт со клиентката, која ги известила дека не дошла во Црна Гора повеќе од една година.

„По наредба на обвинителот се работи за откривање на неидентификуваното лице кое ја извршило измамата. На снимките од надзорните камери јасно е забележан сторителот“, неофицијално соопштија од полицијата.

Според истите информации, внатрешна истрага се води и во банката. Тие рекоа и дека ги известиле надлежните за настанот и дека ќе дадат максимален придонес за откривање на виновниците.

„Преземени се сите мерки за целосна заштита на повредениот клиент, со напомена дека се работи за изолиран случај кој е покриен со полиса за осигурување и кој не може да влијае на редовното функционирање на Банката“, соопштуваат од банката.