Талентираната 18-годишна италијанска одбојкарка Јулија Итума почина во Истанбул каде нејзиниот тим Новара го играше реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Езачибаши.

18-годишnaта одбојкарка паднала од прозорец на хотелска соба, а причините кои довеле до трагичниот настан се уште не се познати.

Но, сега се појави и видео надзор од хотелот каде се снимени последните моменти на младата одбојкарка.

Како што може да се види на видеото, непосредно пред да се случи несреќата, девојката се движела низ ходникот пред хотелската соба, а потоа седнала и како да плачела, а на крајот влегла во собата.

Телото на несреќната Јулија било пронајдено утрото во 5 часот и 30 минути пред хотелот, а нејзината цимерка изјавила дека цело време спиела и ништо не слушнала. Ја разбудила полицијата.

Турските медиуми јавуваат дека одбојкарката си го одзела животот скокајќи од шестиот кат на хотелот.