Пејачот од Нови Пазар, Енвер Мики Колашинац (43) е убиен во четвртокот во Холандија. Според локалните медиуми, Колашинац бил ликвидиран во „сачекуша“ во станбена зона во Бухтен (провинција Лимбург).

Телото на Колашинац било пронајдено околу 16.30 часот пред гаражата откако полицијата била известена дека има пукање. Локалната полиција трага по сведок, чиј фоторобот е објавен.

– Тој е робустен човек висок околу 180 сантиметри, на возраст меѓу 50 и 60 години, со кафени очи, истакнати веѓи и црна коса. Носеше рамна темна капа и сини фармерки со риги на предната страна. Носеше и широк црн појас, темна летна јакна со впечатлива јака (крагња) и црни чевли, се вели во соопштението.

Полицијата во меѓувреме ги прегледала снимките од надзорните камери од областа каде што се случило злосторството.

– Целта е да се добијат што попрецизни информации за последните моменти на жртвата, се вели во полициското соопштение во кое се бара секој кој има некаква информација за ова кривично дело да ја пријави.