Полициски службеници од цела Македонија денеска се во Скопје поради проценката направена од безбедносните служби дека денешните настани се од висок ризик, дознава 4NEWS.mk

Речиси од сите Сектори за внатрешни работи полицајци денеска се испратени во Скопје.

Највеќе има распоредено во круг околку Собранието како и останати стратешки објекти низ Скопје.

Од утрово Скопје го надлетуваат и хеликоптери.