Пратеникот од редовите на владејачката коалиција, Панчо Минов, во полицијата пријавил дека примил закани преку телефон пред денешната собраниска седница на која треба да се расправа за „францускиот предлог“.
„На 13.07.2022 во 20.00 часот, во ОВР Кавадарци од страна на П.М. (64) од Кавадарци, е пријавено дека на неговиот мобилен телефон добил неколку пораки со заканувачка содржина. Од страна на ОВР Кавадарци се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.
На социјалната мрежа Твитер се појави листа со телефонски броеви од сите пратеници кои се дел од македонските партии во владеачката коалиција, односно од политичките субјекти кои веќе го поддржаа францускиот предлог.
„Телефонски броеви од пратениците на СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна, ССМ, НСДП, ПП и еден „независен“. Порачајте им да не го предаваат народот!“ стои во објавата на Твитер.
Be the first to write a comment.