По кратко боледување на 76 годишна возраст денеска почина м-р Панче Манчевски, низ својата кариера основач и раководител на неколку финансиски институции.

Панче Манчевски е роден во Велес во 1946 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал во Братфорд, Англија.

Со својата работна дејност постигнал значајни остварувања во развојот на македонското банкарство и стопанство. Основач е на неколку финансиски институции.

Помагаше и учествуваше во развојот на културата и спортот. Погребот ќе биде утре, 23 април на градските гробишта во Бутел во 15 часот.