Осуденик на возраст од 54 години починал вчера во затворот во Шутка, соопшти МВР.

-На 22.04.2023 во 21.55 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Скопје било пријавено дека во отвореното одделение починал осуденикот Д.З.(54) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција