Со голема жалост ве известуваме дека почина нашиот почитуван прим. д-р Александар Крстевски – Слиш, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.

Голема беше честа името на прим. д-р Крстевски да биде дел од тимот на Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’ повеќе од 20 години, од самите почетоци на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“.

Неговиот огромен придонес во анестезијата и интензивното лекување, неговата професионалност, храброст и извонредност ќе останат запаметени.

Длабока почит од целиот менаџерски тим на КБ ,,Аџибадем Систина’’ и сите вработени. Вечна му слава!