По разделбата со нашата врвна алпинистка Илина Арсова, Игор Џамбазов максимално ѝ се посвети на работата. Легендарниот актер и шоумен призна дека разидувањето едноставно морало да се случи, а дека за тоа биле свесни и двајцата.

„На третиот ден од нашата врска таа ми кажа дека тоа ѝ е последната желба, да оди во Америка и таму да работи. И некако короната сето тоа го одложуваше, го забавуваше.. Кога короната заврши, ѝ го купив куферот и си замина“, раскажа тој неодамна. Нагласи и дека ниту тој, ниту Илина не барале виновници и дека такви апсолутно нема.

„Виновник е времето. Таа е една неверојатно амбициозна жена. Тоа што кариерата ѝ е поважна од љубовта не ја прави лош човек, само ја прави необичен човек. Она е необична жена“, изјави тој.

Но, Игор едноставно не е навикнат да биде сингл, па на своите преку 100.000 следбеници на „Инстаграм“ им ја покажа својата нова „убавица“.

„Дами и господа, Ви ја претставувам Изабела Џамбазова, новата членка на семејството. Наскоро и ќе ја чуеме“, се пошегува тој во описот под фотографијата со новата гитара.