Холандската полиција го реконструираше движењето на пејачот Енвер Мики Колашинац од Нови Пазар, кој беше брутално ликвидиран на 9 јуни во градот Бухтен и со помош на видео снимки од безбедносните камери открија дека тој купува леб во пекара непосредно пред убиство.

Да потсетиме, Колашинац беше убиен пред девет дена во „сачекуша“, кога непознат напаѓач пукал во него пред зградата во која живеел во градот Бухтен во провинцијата Лимбург. Неговото тело било пронајдено пред гаражата, а набрзо било утврдено дека е убиен од истрели од пиштол. Напаѓачот се уште не е уапсен и е во бегство.

Холандската телевизија RTL5 објави нови детали за убиството во својата емисија „Истражување“. Тие објавија и видео на кое се гледа дека Колашинац бил мирен пред злосторството и дека опуштено доаѓа во блиската продавница за леб.

Колашинац пред убиството купува леб

– Инспекторите по убиството ги испрашуваа жителите на овој дел од градот, а преземени се и надзорни камери за откривање на деталите за ова злосторство. Имено, направен е фоторобот на маж кој во моментот на злосторството бил во близина на пукањето. Камерите го снимиле движењето на жртвата, па било утврдено дека пејачот со својот сив „мерцедес“ дошол дома во периодот од 14 до 15 часот. Ја паркирал колата во гаража и разговарал со соседите – се вели во емисијата, па продолжуваат:

– После тоа, Колашинац со велосипед отишол до пекарата. Купил леб и не останал долго во пекарата. Излегол во 15 часот и 53 минути и се упатил дома. Но, тој не дошол во куќата бидејќи бил брутално ликвидиран.

ФОТОРОБОТ- Маж снимен на местото на злосторството

Холандската полиција направи фоторобот на маж кој е фотографиран на местото каде што е убиен Колашинац.

– Ова е робустен човек, висок околу 180 сантиметри и стар меѓу 50 и 60 години. Засега не е сигурно дали тој е сведок на злосторството или можеби дури и сторителот – објавија претходно холандските портали.

Ова е местото каде што е убиен

Колашинац бил ненаметлив човек

Холандските соседи на убиениот Енвер Мики Колашинац, кој исто така се занимаваше со музика и сними песна за продукцијата Гранд во 2019 година, изјавија дека тој е ненаметлив човек.

– Не го познававме добро. Водеше мирен живот и никој во Холандија не знаел дека е пејач во Србија – вели изворот и додава дека како можен мотив се споменуваат финансиските проблеми на Колашинац.

– Се споменуваше дека им останал должен на работниците кои работеле во неговата фирма во Германија, но официјална потврда нема – додаде соговорникот.