Во Гостивар вчера на 85 годишна возраст почина Петар Илоски, еден од основоположниците на гостиварската кошарка, дел од првата петорка на тимот.

Илоски се афирмирал и генерациите ќе го помнат како истакнат спортист, особено во кошарката. Заедно со неговите другари од кошаркарскиот клуб Маврово на двапати ја освоиле титулата републички првак, во 1968 и 1971 година.

Илоски го започнал основното образование во 1944 година, како прва генерација која се школувала на мајчин македонски јазик. По завршување на голема матура во гимназија, се запишува на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1961 година се вработува како наставник во ОУ „Моша Пијаде“ каде работи до 1964 година, кога се вработува како комерцијалист во „Горни Полог“. Четири години подоцна преминува во Заводот за осигурување Македонија, каде останува да работи до своето пензионирање.

Пред неколку години Gostivarpress.mk со него направи интервју од кое произлезе фељтонот „Како се роди гостиварската кошарка 1 дел, 2 дел, 3 дел, 2017“ во кое ги опфативме почетоците на кошарката во Гостивар, ни раскажа кои биле играчите и луѓето поддржувачи на клубот, а со нас сподели непроценливи податоци и интересни доживувања од времето на педесеттите и шеесеттите години, односно историјата на КК Гостивар.

Вака зборуваше чичко Перо за кошарката: