Во тешка сообраќајна несреќа утрово околу 2 часот и 45 минути на автопатот во Белград кај Грмовац загина 34 годишната М.П., додека тешко е повредена Г.П. (31).

Несреќата се случила кога во нивниот автомобил удрил автомобил „пасат“ управуван од Давид К.(28), кој возел под дејство на алкохол. При алкотестот било утврдено дека во неговата крв има 1,39 промили алкохол.

Брзата помош побарала помош од пожарникарите, за да стигнат до патниците од возилото. Повредената жена на совозачкото седиште е пренесена во Ургентниот центар.