Во страшна несреќа загина 13-годишно момче кое возело велосипед. Сè се случило во петокот во Загреб, кога 44-годишен возач на БМВ, возејќи под дејство на алкохол, претекнувал камион и автомобил.

Пред да започне со престигнувањето, возачот не бил убеден дека тоа може да го направи без опасност за другите учесници во сообраќајот. Не водел сметката за брзината и насоката на движење, а претекнувал и преку полна линија непосредно пред раскрсницата.

Тој удрил во предната страна на автомобил „мерцедес“. По судирот дошло до лизгање и БМВ-то кое почнало да се движи кон тротоарот, па автомобилот удрил во задниот дел од велосипедот што го возело 13-годишно момче на тротоарот.

Од силината на ударот момчето со телото удрило во сообраќајниот знак, а БМВ-то со задниот дел удрило во бетонскиот столб на јавното осветлување и друг сообраќаен знак.

Автомобилот продолжил да се врти, удирајќи во друго дете кое преку пешачки го туркало својот велосипед. Ова дете било пренесено во болница, како и возачот. 13 годишното момче на велосипедот за жал починало на лице место.

Неговото семејство сега минува низ неискажлива болка, а зборовите на неговиот татко Драган (32) не оставија никого рамнодушен.

Како што рекол за 24 часа, момчето се враќало од кај баба му.

– Чекав да дојде од кај баба му, чекав да му ја видам насмевката – рекол очајниот татко.

Возачот на БМВ-то со идентитет С.З. досега, како што пренесува 24сата.хр, шест пати е казнет. Три пати добил забрана за управување со моторно возило. Возел под дејство на алкохол и претходно, еднаш и со повеќе од 1,5 промили, а досега три пати направил сообраќајни несреќи.

Бидејќи санкциите не го спречиле и не го освестиле да престане со ваквото однесување, па продолжил да дивее зад воланот, судијата сега го испратил во истражен затвор.