Приказните за „патлиџан туристите“ ова лето се поактуелни од вообичаено, па дури и оние со подлабок џеб немаат проблем да донесат храна од дома, а во случајов сместување, како што покажува фотографијата која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари.

Имено, на фотографијата е Порше, вредно околу 200.000 евра, на кое има шатор.

Фотографијата предизвика лавина од коментари и на Твитер и на Фејсбук страницата „Live from Greece“.

„Хммм, како се вели на германски „патлиџан турист со Порше?“, „Па, тоа е еден од нашите, гастарбајтери“, „Или се плаши од лавови, или се плаши дека некој ќе му го украде неговото Порше“, „Вака велат: луѓе на кои знаат да уживаат. Следната година вака ќе правам“, „Доаѓа рецесија“… се само дел од коментарите.